ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ во пилот АКЦЕЛЕРАТОРСКА ПРОГРАМА за стартапи

Povik so logo

Employouthth – Универзитетска  Акцелераторска програма за стартапи

Пилот програма на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола и ПРЕДА плус, подржана од Европската Унија која има за цел поддршка и унапредување на бизнис идеи на млади луѓе од Пелагонискиот регион.

 

ШТО ПРЕТСТАВУВА ОВАА ПРОГРАМА?

Акцелераторската програма е дизајнирана да поддржува стартапи во рана фаза, со цел да се поттикне развој на иновативни идеи во повеќе области. Во период од 6 месеци Универзитетскиот Акцлерератор ќе обезбеди тренинг, коучинг и менторски услуги за учесниците кои ќе се пријават на првиот повик за учество акцелераторската програма.

ПРЕТВОРЕТЕ ЈА ВАШАТА ИДЕЈА во БИЗИС!!!

Аплицицирајте со иновативна идеја од било која област, а ние ќе обезбедиме:

  • Поддршка за дефинирање на идејата во бизнис план
  • Поддршка и градење на вештини за водење на бизнис
  • Пристап до инвеститори
  • Вмержување

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?

Сите заинтересирани невработени лица, студенти, дипломци до 35 години кои имаат некаква идеја, апликација или решение за одреден проблем.

КАКО?

Сите заинтересирани, најдоцна до 24 Декември 2018 можат да аплицираат преку пополнување на следната он-лајн форма https://bit.ly/2L002VN

Повеќе информации може да добиете на ФБ страната на EMPLOYOUTH @employouthmk, на веб страната на Преда Плус www.predaplus.eu или на отворениот час “ ASK ME ANYTING” од 12 до 13 часот во канцеларијата на ПРЕДА ПЛУС на улица Кузман Јосифовски 88/4, Битола секој ден од 17 до 23 Декември.

ШТО ДОБИВАТЕ

  1. Образовни курсеви/тренинзи со цел да се развијат индивидуални вештини поврзани со претставување на личен профил, вештини за преговарање, зајакнување на тимскиот дух, развивање на лидерски вештини, промовирање на идејата / услугата / производ, бизнис модели
  2. Специјализирани консултантски услуги со цел да ја развијат својата идеја или да го трансформираат својот бизнис модел
  3. Трансфер на искуства: На специјално организирани настани за вмрежување релевантни претставници од бизнис средината во Македонија и регионот со различни научни основи и со долгогодишно искуство во светот на бизнисот ќе ја претстават својата компанија, нејзините успеси и потешкотиите со кои се соочуваат во нивниот претприемачки пат
  4. Студиски посети со цел да се запознаат со соодветните услови, контакти со развиените деловни средини, како и пристап до бизнис ангели и капитални фондови
  5. Достапност до претприемачки платформи за промовирање на иновативни бизнис идеи
  6. Специјално организирани настани кои ќе обезбедат промоција на идејата на пазарот на трудот, наоѓање на инвеститори;,контакти со релевантен бизнис за промоција на нивната иновативна идеја
  7. На крајот од фазата за преинкубација , ќе се организира прекуграничен натпревар на иновативни идеи во кој ќе бидат вклучени 30 корисници од двете земји и 5 од нив (поединечни или во група) кои ќе имаат најдобри резултати ќе патуваат во Атина и ќе посетат фонд за вложување на капитал.

Проектот ќе поддржи и отворање на мултифункционален универзитетски акцелераторски-инкуабторски простор кој е посветен на поддршка на претприемачи и стартапи како дел од Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола.