Petar Pop Arsov 45, MK-1000 Skopje, R. Macedonia

И од Битола се може(и) 2

69283066_1999673360133308_8626204547137667072_n

 

На 3 Септември дојди во Порта Џез и мотивирај се за успех. Инспиративни приказни со сите нас ќе споделат :

* Дијана Десподов- извршна директорка na AmCham (American Chambre of Commerce)

* Игор Изотов- иновациски и менаџмент консултат

* Васил Зидровски – иноватор, софтверски инженер и сопственик на старт ап компанијата Nulius

* Маријана Стефановски и Анастасија Трајовска и двете архитекти и основачи на Архинова & Анридизајн

Пролетта Битола ја размрдавме со пилот настанот кој го разбуди претприемничкиот дух кај младите битолчани.
Докажавме дека “И од Битола се може(и)”, ако се има добра идеја, ако имате среќа да ги сретнете вистинските ментори кои ќе Ве инспирираат и ако се верува во успехот.

Оваа есен ја стартуваме втората сезона, во која ќе организираме настани на кои ги покануваме со Вас да споделат искуства претприемачи кои верувале во своите идеи и патот до успехот го поплочиле со лични заложби.