ПРЕДА Плус Фондацијата започна со втората сезона на проектот “И од Битола се може(и)” со инспиративно едукативно предавање кое се одржа вторник, во клубот, Порта Џез во Битола.
На настанот говореа Дијана Десподов, извршна директорка на AmCham, Игор Изотов, иновациски и менаџмент консултат, Васил Зидровски – иноватор, софтверски инженер и сопственик на стартап компанијата Nulius, како и Маријана Стефановски, Анастасија Трајковска, архитекти и основачки на Архинова & Анридизајн.
На настанот беше најавена и новата Акцелераторска програма за поддршка на стартапи и ПОВИКОТ за апликации во акцелераторската програма на ПРЕДА плус.
Сите заинтересирани, кои iмаат бизнис идеја најдоцна до 30 септември 2019 можат да аплицираат преку пополнување на следната он-лајн форма https://iodbitolasemozi.typeform.com/to/F0Ey8Q
Повеќе информации може да добиете на на веб страната на Преда Плус www.predaplus.eu или на канцеларијата на ПРЕДА ПЛУС на улица Кузман Јосифовски 88/4, Битола секој ден од 9 до 16 часот.