Petar Pop Arsov 45, MK-1000 Skopje, R. Macedonia

Тимот на ПРЕДА плус на ТРЧАЈ БЕ

71274268_2028639383903372_2540249392082845696_n

Утре ќе си трчаме на ТРЧАЈ БЕ ❤️ Тимот на ПРЕДА плус заедно со дел од учесниците на првата акцелераторска програма и останати пријатели утре ќе докажат дека #ИодБитолаСеМожи

Преда плус со тимски дух докажува дека #ИодБитолаСеМожи. За нашата работа потребна е решителност, упорност и издржливост. Исто како и за трката. ЌЕ ТРЧАМЕ БЕ!

Оваа есен ја најавивме втората сезона од нашата акцелераторска програма за поддршка на стартапи отворајќи нов конкурс за аплицирање и одлучивме дека тим билдингот не смееме да го заборавиме.
Зошто?
Па кога веќе имаме  објавен конкурс во кој ќе победат најдобрите стартап идеи, зошто да не се пријавиме  на Трчај бе, на кој ќе го тестираме нашиот победнички дух.
Во ПРЕДА плус добро знаеме дека трчањето во тим носи одлично дружење, многу позитивна енергија….па и победа.

Во екипата имаме претставници на 3 стартапи кои пролетта брилјираа во нашата програма.

Едниот успешно плови на глобалниот пазар, тоа е Васил Зидровски кој е пасиониран трчач и кој смета дека трчањето е прво натпревар со самиот себеси, при што ги пробиваш сопствените граници, а ако со тој пример го заразиш тимот ги подигнуваш целите кои дополнително мотивираат.