🟢 Подигањето на свеста за претприемништво, едукација за претприемништво и охрабрувањето и поддршката на потенцијалните претприемачи да започнат сопствен бизнис се посакувани промени кои бараат голема посветеност и проактивна улога не само на институциите на власта, туку и на сите актери кои дејствуваат во секторот на претприемништвото.
Со оглед на тековната економска состојба во нашата земја и недостаток на претприемачки дух и вештини за исполнување на пазарот на трудот, ЛОКАЛНОТО ПАРТНЕРСТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ (ЛПВ) креира програма за работа која ќе ја раздвижи стартап сцената во Пелагонискиот регион и ќе придонесе за подобрување на економската состојба во земјата.
🟡 Целта на активностите во оваа програма е да се влијае врз процесот на креирање поволнен претприемнички екосистем што поддржува и стимулира прептриемничка култура, креирање на работни места и генерирање на приходи.
🟣 Програмата ЛОКАЛНИ ПАРТНЕРСТВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ (ЛПВ) преку своите партнери:
▶️ Општина Битола
▶️ Младински културен центар-Битола
▶️ Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА плус
▶️ Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“
▶️ Регионална Комора Битола
▶️ Агенција за вработување Битола
▶️ Интерворкс Едукативен Центар – Битола
▶️ Универзитет “ Св. Климент Охридски“
ќе помогне да се зголемат можностите за вработување преку активности кои ќе стимулираат учење, поддршка и вмрежување.
Сите заитересирани можат да бидат дел од:
🚀 Статап програма која обезбедува менторски услуги за развој на бизнис идеи и финасиска поддршка за започнување на бизнис
🔛 Саем на кариера каде барателите на работа ќе имаат можност да се поврзат со компании кои имаат отворени работни позиции
💻 Програма за развој на ИТ вештини ккоја ќе креира ИТ професиналци со практични вештини за директно вработување во ИТ секторот
•••
ЛОКАЛНИ ПАРТНЕРСТВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ (ЛПВ)
Битола Страт- ап Центар 🟢
ЛПВ Битола е финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.
#BitolaStartUp