Petar Pop Arsov 45, MK-1000 Skopje, R. Macedonia

On-line дебата “Решавање на урбанистичките предизвици и стимулирање на позитивни социјални промени во населба Баир во Битола”

Untitled design (17)

УТРЕ 7.08.2020 (петок), со почеток од 11 часот во склоп на иницијативата Urban Bair ПРЕДА плус реализира отворена on-line дебата “Решавање на урбанистичките предизвици и стимулирање на позитивни социјални промени во населба Баир во Битола”

На дебатата ќе вклучат претставници од јавните претпријатија во општина Битола кои имаат надлежност во повеќе сектори од општественото живеење и претставници од ромската заедница кои живеат во населба Баир, со цел да се креира инклузивна и поддржувачка атмосфера за решавање на урбанистичките предизвици и стимулирање на позитивни социјални промени.

Споделувањето на искуства и предлози се исклучителна важност за решавање на постоечките предизвици како и за креирање на нови решенија за актуелни проблеми во населба Баир во Битола.
Најискрено се надеваме на ваш придонес.

Дебатата е дел од проектот “Сензибилизација и мапирање на домувањето за Роми ”, проект на Фондација за одржлив економски развој Преда плус-Битола, финансиски поддржан од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC)
#UrbanBair #CHinMK #Predaplus