Синоќа Порта џез беше претесна за да ги собере сите гости кои дојдоа со една цел, да слушнат инспиративни приказни за успех дека и од Битола се може. Ротари клубот Битола и лајонс клубот Битола на сцената ги донесоа говорниците кои ги раскажаа своите патишта до успехот во нивните кариери.
На заеднички настан на кој мотивираа млади луѓе на успех и покажат подготвеност да им помогнат, зборуваа: Никола Главинче кој ги охрабри дека е подобро да се продолжи огнот на традицијата, наместо да се поклониме на пепелта на предците, Љубица Ангелкова секојдневна инспирација во движење која не ги брои падовите, ами врвовите.
Емотивна вечер во која публиката ракоплескаше на секоја искрено признание дека патот до успехот не е таков каков што изгледа од другата страна. Борче Стојановски кој рече дека градењето успешна компанија се заснова врз градењето столбови, но треба да постои и еден т.н резервен столб заради стабилноста и Сашо Јанакиевски ни раскажа како се гради компанија од Битола која постигнува партнерство со најдобрите во Европа.
Пред голем број на присутни беа претставени три нови стартапи од втората генерација од акцелераторската програма на Преда плус.
Синоќа беше вистинска прослава на успехот, оној кој допрва ќе се создава од новите стартапи, а пред битолчани се претставија “Бетоф“ со страст ни презентираа за органските чорапи и кошули со кокошка кои ги чекам со нетрпение, “ПАМ“ е идеја за подобрување на животот на луѓето со посебни потреби заснована на сериозна наука, “TrySpicy“ е стартап кој иновативно ќе не води низ гурмански уживања.