Petar Pop Arsov 45, MK-1000 Skopje, R. Macedonia

“И од Битола се може(и) 2

79272962_2193342927433016_4152994003819692032_o

Во вторник на 10 декември во 18 часот, бидете во Порта џез на најголемиот нетворкинг ивент оваа година во Битола.

Преда плус фондацијата ќе ја заокружи годината со втората сезона на проектот “И од Битола се може(и)”.

Втората генерација на старапи со која од октомври интензивно работевме во ПРЕДА Плус Фондацијата е готова да ги презентира своите бизнис идеи и планови пред јавноста.

Размислувавме пред кој аудиториум е тоа најдобро да се направи, зошто се покажа дека успешноста на било кој бизнис е директно поврзана со соодветна морална мотивација, достапноста на финансии, без разлика дали се работи за стартап финансии или за финансии потребни за вложување во растот на бизнисот

Двата најстари филантропски клубови од нашиот град РОТАРИ КЛУБ БИТОЛА и ЛАЈОНС КЛУБ БИТОЛА во овој декември да направат со нас заеднички настан на кој ќе мотивираат млади луѓе на успех и ќе покажат подготвеност да им помогнат.

Дојдете на 10 декември во 18 часот во Порта џез, на настанот кој ќе го одбележи крајот на оваа веќе стара 2019 година и ќе најави одлични нови успешни приказни за Новата 2020 година