Нацртан мурал на ѕидот во месната заедница во населба “Баир”

како дел од проектот “Сензибилизација и мапирање на домувањето за Роми ”
102330147_2585258821574756_4633159841295106048_o

Уште едно креативно разубавување на градски простор во Битола од вештите раце на Hybrid Minds Crew. Овој пат во населба Баир, во рамките на иницијативата Урбан Баир, како дел од проектот на Фондација Преда Плус “Сензибилизација и мапирање на домувањето за Роми” реализиран со партнерска поддршка од Општина Битoла и НВО “Баирска Светлина“, а финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Цртањето на ѕидот во месната зедница “Димитар Влахов“ е дел од герилските активности планирани во рамките на проектот за вклучување на жителите од населба Баир во постојните трендови и настани во општината.

Останатите проектни активности предвидуваат: 1)инфраструктурни активности- реновирање на просторот во месната зедница и околку месната зедница 2) теренско истражување за собирање на податоци за сеопфатна проценка на ромските населби и домаќинства во Битола и 3) Обезбедување советовна помош за надминување на предивзиците во справување со кризата од Ковид-19, преку формирана Служба за Помош со седиште во месната зедница “Димитар Влахов.“