Petar Pop Arsov 45, MK-1000 Skopje, R. Macedonia

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО – GREEN TECH PELAGONIA- Стартап Програма 2025/2026

Open Call Post

ПРЕДА Плус Фондација го отвора повикот за учество во Green Tech Pelagonia, стартап програма наменета за стартап тимови од Пелагонискиот регион кои развиваат технолошки решенија со позитивен еколошки импакт.

Регионот има јасна потреба од нови пристапи, современи дигитални решенија и практични иновации што можат да го подобрат начинот на кој се користат локалните ресурси, ја подобруваат животната средина, ги модернизираат локалните индустрии и градат поодржлива иднина за регионот.

Тематски фокус на програмата

Програмата ќе поддржи развој на стартап идеи во следните области:

  1. Еко-туризам и одржлив туризам
    Решенија што го подобруваат управувањето со туристички ресурси, намалуваат отпад, штедат енергија или создаваат еколошка туристичка понуда.
  2. Агро-туризам и рурална понуда со додадена вредност
    Иновативни модели за промоција на локални производи, искуства, земјоделски фарми и рурална економија.
  3. Агритек решенија и технолошки алатки за земјоделство
    IoT сензори, паметно наводнување, управување со култури, оптимизација на ресурси, дигитални земјоделски алатки.
  4. Дигитализација и технологии за производство на храна
    FoodTech, процесна оптимизација, следење на квалитет, дигитални решенија поврзани со храна и локални производни процеси.
  5. Технологии со позитивен еколошки ефект
    Намалување на емисии, обновлива енергија, реупотреба на отпад, циркуларна економија, зелени материјали.
  6. Иновации што го подобруваат управувањето со природни ресурси
    Вода, почва, биодиверзитет, шумски и рибни ресурси, мониторинг, заштита и подобрување на еколошкиот баланс.

Green Tech Pelagonia е идеална можност за тимови што создаваат практични технолошки решенија и сакаат да развиваат бизниси што носат реален импакт во регионот.

Географски фокус

На повикот можат да се пријават стартап тимови и идеи кои доаѓаат од Пелагонискиот регион или развиваат решенија што директно придонесуваат за економски, еколошки или технолошки развој на Пелагонија.

Сите идеи треба јасно да покажат како нивната технологија или иновација создава вредност за регионот, преку подобрување на локални услуги, модернизација на индустрии, заштита на природата, развој на земјоделството или јакнење на руралната и туристичката понуда.

Кој може да се пријави?

На повикот може да аплицираат:

  • Стартап тимови составени од 2 до 5 членови
  • Тимови кои имаат иновативна идеја, прототип или рана фаза на развој
  • Тимови со желба да развиваат технолошки решенија со позитивен еколошки или локален импакт
  • Тимови подготвени активно да учествуваат во менторската и тренинг програмата (јануари – март 2026)

Учеството во програмата е целосно бесплатно, и не е потребна регистрирана фирма.

Програмата создава еднакви можности за нов талент, свежи идеи и амбициозни тимови кои сакаат да направат позитивна промена во регионот, а особено ги охрабрува младите и жените да аплицираат.

Што добивате?

Ќе бидат избрани 10 стартап тимови кои ќе добијат можност да учествуваат во интензивна менторска програма што ќе се реализира од јануари до март 2026 година.

Програмата е базирана на Google Sprint (Design Sprint) методологијата, со која во само неколку дена се тестира вредноста на идејата, се идентификуваат ризици и се поставува основата за развој на MVP.

Тимовите ќе добијат пристап до релевантни тренинзи, експерти и ментори кои ќе бидат дополнително најавени, како и можност да градат врски со компании, институции и потенцијални партнери од екосистемот.

Во текот на програмата, секој тим ќе работи на подготовка на сопствен pitch deck и ќе добие насочена поддршка за ефективно pitch-ување пред инвеститори, како дел од финалната презентација на DEMO Day.

DEMO Day – Март 2026

Финален настан на кој тимовите ќе имаат можност да ги презентираат своите решенија пред инвеститори, компании и медиуми.
DEMO Day носи можности за финансирање, видливост и создавање стратешки партнерства.

Оваа година, најуспешните тимови ќе добијат и дополнителна поддршка, вклучително и можност за почетни seed средства или други форми на поттик. Деталите ќе бидат најавени дополнително..

Рок и пријавување

Повикот е отворен до 26 декември 2025 година.
Пријавете се преку формуларот: formular za prijavuvanje

 Зошто оваа програма?

ПРЕДА Плус Фондација создава средина каде технологијата, иновацијата и локалната економија се среќаваат. Вашата идеја може да биде следната голема зелена приказна во Пелагонија.

 

Програмата се спроведува со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Related Posts