Petar Pop Arsov 45, MK-1000 Skopje, R. Macedonia

TAA може(и)- мотивирачки настани

74232863_2098453236921986_1311476364141920256_o

Таа може(и)” е поднасловот на настанот на ПРЕДА Плус кој како дел серијата мотивирачки настани под мотото “И од Битола се може(и)” се одржа во вторникот во Порта Џез. Во мотивирачка и позитивна атмосфера, три исклучителни и силни жени со своите позитивни гледишта за животот, работата и успехот покажаа дека #ТААможи
Голема благодорност на наште гостинки Verica Jordanova Poli Jankulovska Vesna Ivanoska што со себе донесоа бескрајна енергија и инспирација за верба дека #ИодБитолаСеМожи

Оваа иницијатива е исклучиво насочена кон мотивирање и поддршка на женско претприемништво, поттикнување позитивни промени кои водат до економско јакнење на жените, поттикнување на лидерството во сите области и создавање на општество на еднакви можности.

И покрај тоа што жените се храбри и смели, го имаат потребното образование, сепак тие не се доволно застапени на раководните функции, пред сѐ поради стереотипите и недоволната свесност. Иако законски мажите и жените се еднакви, сепак во бизнисот постои родов дисбаланс. Статискиката покажува дека потенцијалот на жените за водење бизнис во земјава е неискористен, односно само 30% од основачите на фирми се жени. Само 12% жени се на раководни функции во јавни установи, а само 6% се менаџерки во приватен сектор.
ПРЕДА плус не дозволува статистикте да се испречат на патот на успехот и оваа година продолжуваме со организација на вакви мотивирачки настани.
Заеднички ја пишуваме приказната дека “И од Битола се можи“. Овие средби се местото каде што се инспирираат жените на успех. “Преда Плус“ фондацијата продолжува да го поддржува значењето на активната улога на жените во заедницата, нивното поврзување и заеднички ангажман.