УТРЕ 7.08.2020 (петок), со почеток од 11 часот во склоп на иницијативата Urban Bair ПРЕДА плус реализира отворена on-line дебата “Решавање на урбанистичките предизвици и стимулирање на позитивни социјални промени во населба Баир во Битола”
На дебатата ќе вклучат претставници од јавните претпријатија во општина Битола кои имаат надлежност во повеќе сектори од општественото живеење и претставници од ромската заедница кои живеат во населба Баир, со цел да се креира инклузивна и поддржувачка атмосфера за решавање на урбанистичките предизвици и стимулирање на позитивни социјални промени.
Споделувањето на искуства и предлози се исклучителна важност за решавање на постоечките предизвици како и за креирање на нови решенија за актуелни проблеми во населба Баир во Битола.
Најискрено се надеваме на ваш придонес.
Дебатата е дел од проектот “Сензибилизација и мапирање на домувањето за Роми ”, проект на Фондација за одржлив економски развој Преда плус-Битола, финансиски поддржан од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC)
#UrbanBair #CHinMK #Predaplus