ПРЕДА плус денес од 11 часот ја хостираше отворената информативна ZOOM сесија “ Urban Bair – иницијатива за подобрување на урбаната и социјалната вклученост на ромската заедница во општина Битола“, со претставници од Општина Битола, јавните претпријатија, невладини организации и засегнати граѓани.
Информативната сесија е дел од реализацијата напроектот на Фондација Преда Плус “Сензибилизација и мапирање на домувањето за Роми” реализиран со партнерска поддршка од Општина Битoла и НВО “Баирска Светлина“, а финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
На информативната сесија беа презентираат досегашните активности реализирани во склоп на проектот и се дискутираа потребите и предизвиците од урбанизација и социјално вклучување на Ромите во Општина Битола.
Најавена беше акцијата за чистење во населба Баир која што ќе се реализира на 30 ти јули како заедничка иницијатива на ПРЕДА плус, Општина Битола, јавните претпријатија и граѓанската иницијатива “Мети си со Класнето“ .
Планирано е преку ваквата активност да се подигне свеста на граѓаните за зачувавање на животната средина и одлагање на сметот, како и да се подобри меѓусебната соработка и зедничката грижа за средината на граѓаните и јавните претпријатија.
#UrbanBair #CHinMK #Predaplus