Petar Pop Arsov 45, MK-1000 Skopje, R. Macedonia

Службата за координација на помош во населба Баир додели хуманитарни пакети на 90 ромски семејства

vodovod-43

Со цел да се воспостави функционално решение кое ќе овозможи полесно справување со ваквата состојба, на почетокот на месец мај во просториите на месната заедница “Димитар Влахов” во населба Баир, формирана е Служба за координација на помош. Оваа служба ја олеснува и координира размената на информации и поттикнува соработка помеѓу ромската заедница, меѓународните организации, локалните НВО и локалната власт за идентификување на потребите и насочување на помошта наменета за социјално загрозените семејства.Australian Macedonian Romano Ink е ромско здружение на иселеници од Мелбурн, Австралија кое реши собраните средства од своите членови во висина од 105.000 денари да ги донира за социјално загрозени ромски семејства во општина Битола.

Освен за координација на хуманитарна помош Службата за координација во населба Баир е отворена и за пристап до информации и помош при искористување на правна и финансиска помош.

🔺 Сите оние кои не се во можност да го остварат правото на гарантирана минимална помош, а и други права кои се нудат од страна на државата слободно да ја контактираат канцеларијата за помош, секој ден од 9 до 17 часот во просториите на месната заедница “Димитар Влахов” во населба Баир или на телефон 078/449092 и е-mail: urbanbair@predaplus.eu

Службата за помош во населба Баир е дел од проектот “Сензибилизација и мапирање на домувањето за Роми ”, проект на Фондација за одржлив економски развој Преда плус-Битола, финансиски поддржан од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC). Проеткот има цел да придонесе за создавање на основа за натамошно подобрување на урбаната и социјалната вклученост на ромските заедници кои живеат во сиромашни и неформални населби во Општина Битола.