Вечерва покажавме дека “И од Велес се може”
Лансиран првиот нетворкинг ивент по примерот на “И од Битола се може(и)” како успешен проект надвор од нашиот град. Благодарност до нашиот партнер Х Фактор Акцелератор од Велес што веруваше во нашата визија за соработка. Бројни велешани беа одлична публика во Strada Caffe. Имаа прилика да ги слушнат приказните на успех на двајца исклучителни сограѓани в Благојче Јосифоски – сопственик на ИТ фирмата Бласофт Солушнс и ко-основач на SkillUp, првата академија за програмирање, дизајн и дигитален маркетинг во Велес и Ѓорѓи Маџиров професор на ФИНКИ, ко-основач и технички директор на Елевејт Глобал, стартап компанија која се занимава со вештачка интелегенција и машинско учење.
На настанот имавме и битолско женско засилување со Билјана Врцал Ванчевска која повеќе години успешно менаџира со својата Lab Pro Dental заботехничка лабораторија во Битола која е единствена жена во Македонија која воведе иновативна врвна технологија во оваа бранша.На настанот се објави и повикот за првата заедничка претприемничка програма на Преда Плус од Битола и Х Фактор Акцелератор од Велес.Програмата е намената да поддржува индивидуалци и тимови со иновативни идеи во рана фаза од развојот на идејата. Сите заинтересирани тимови кои работат на развој на некаква идеја, апликација или решение за одреден проблем, во било која област, може да се пријават во програмата.
ПОВИКОТ Е ОТВОРЕН ДО 31 ЈАНУАРИ 2019!!!
🚀Аплицирајте на следниот линк: