Petar Pop Arsov 45, MK-1000 Skopje, R. Macedonia

СТАРТ на обуките за втората генерација од програмата “И од Битола се може(и)”

77062160_2189503384685496_4588369487085961216_n (1)

Ветивме дека во наредните неколку месеци Битола ќе биде место каде ќе се развиваат иновативни стартап идеи и го остваруваме ветувањето.

Преда плус ви нуди акцелераторска програма каде ќе можете вашата идеја да ја претворите во бизнис. Програмата на едно едно место ги собира сите релевантни ментори, предавачи и тренери од стартап зедницата во нашата земја и исто така обезбедува консултации со меѓународни предавачи.

Менторската програма на Преда плус е развиена во три модули и е насочена кон развој на производи односно услуги и подготовка за „Демо ден“, каде учесниците ќе ја презентираат својата бизнис идеја пред потенцијалните инвеститори.