Petar Pop Arsov 45, MK-1000 Skopje, R. Macedonia

28 Април: Demoday

96239636_2521249277975711_5405492817650778112_n

Link 2: Backup Link

ДОБРО ДОЈДОВТЕ на првиот организиран ОНЛАЈН ДЕМО ДЕН КАЈ НАС кој докажува дека “ И од Велес се може”!

Презентирани 9 атрактивни бизнис идеи презентирани на пр
🚀 🚀🚀🚀🚀🚀🚀🚀🚀

Проектот и од “Велес се може”, кој го имплементираат заеднички Фондацијата ПРЕДА Плус од Битола и X – Factor Accelerator од Велес, време на COVID-19 кризата, го користеа мошне конструктивно и со полна пареа.Во рамки на програмата, со експертска поддршка на тренерите обезбедени од страна на X Фактор Акцелератор, учесниците ги доразвија своите бизнис – модели, во сите најважни аспекти за успешно стартување и водење на бизнисот. А на самиот ДЕМО ДЕН петчлената Комисија за евалуација и присутните гости имаа прилика да слушнат исклучително иновативни и атрактивни бизнис – идеи.

Постои една позитивна работа за сите стартапи во време на ваква криза, а тоа е дека сите идеи стартуваат од иста појдовна точка, небитно е физички каде се наоѓаат. Сега нема изговори дека сѐ се случува на скопската сцена за стартапи. Но, битно е кој ве води, менторира низ процесот на развој на идеите и каде да се обратите за потенцијални инвеститори.
На Демо Денот идеите се презентирани пред затворен круг од инвеститори, претставници на јавен и приватен сектор, академија и релевантни чинители на стартап – заедницата. Најдобро оценетите стартап – тимови ќе имаат можност да бидат финансирани од страна на X Фактор Акцелератор, во рамки на проектот кој се реализира со ФИТР, во партнерство со Светска банка.