Petar Pop Arsov 45, MK-1000 Skopje, R. Macedonia

Креирана Служба за координација на помош во населба “Баир“

95689780_879051555894344_2000162842363297792_n

Ситуацијата со COVID-19, ја влоши социо-економската состојба на граѓаните во целата земја, загрозувајќи ја нивната егзистенција. Поради ваквата ситуација, на удар се најдоа најранливите групи на граѓани во општеството, особено граѓаните од ромската заедница. Со цел да се воспостави функционално решение кое ќе овозможи полесно справување со ваквата состојба, назначен е Координатор на службата за помош во населба Баир. Координаторот ќе делува во просториите на месната заедница Димитар Влахов во населба Баир, почнувајќи од 4 мај 2020. За било какви информации и прашања заитерисираните граѓани од населба Баир можат да ја контактираат Службата за координација на помош каде ќе можат да разговараат со Ремзи Медик-Претседал на НВО “Баирска Светлина“ и Координатор на службата за помош во населба Баир. (тел. за
контакт: 078/449092 или на следниот е-mail: urbanbair@predaplus.eu)

( Координаторот на Службата за помош во населба Баир е дел од проектот “Сензибилизација и мапирање на домувањето за Роми ”, проект на Фондација за одржлив економски развој Преда плус-Битола, финансиски поддржан од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC).