Во координација на Службата за помош, во населба на Баир, во текот на месец јули поделени се вкупно 70 хуманитарни пакети со прехрабени продукти и хигиенски средства во вредност од 60.000 денари обезбедени од граѓанската иницијатива АВАЈА.
АВАЈА е граѓанска иницијатива која ги артикулира барањата на ромската заедница и како движење обединува од 17 општини ширум Република Северна Македонија и претставува дел од транснационалното движење на Ромите кое во моментов брои и спојува национални движења во 12 држави ширум Европа, над 1200 активисти во структурите и над 150.000 поддржувачи.
Координаторот на Службата за помош додава: “Помошта секогаш е добредојден. За жал потребата од помош секогаш е поголема од она кое ние можеме да го обезбедиме. Бројот на социјално загрозени семејства во населба Баир е прилично голем. Ги повикувам сите оние кои сакаат да донираат и да помогнат за полесно справување на ромското население со моменталната криза да ја контактираат Канцеларијата за помош. Стојам на располагање секој ден од 9 до 17 часот во просториите на месната заедница “Димитар Влахов” во населба Баир или на телефон ☎️078/449092 и е-mail:urbanbair@predaplus.eu)”
Освен за координација на хуманитарна помош канцеларијата е отворена и за пристап до информации и помош при искористување на правна и финансиска помош. Сите оние кои не се во можност да го остварат правото на гарантирана минимална помош, а и други права кои се нудат од страна на државата слободно да ја контактираат канцеларијата за помош.
Службата за помош во населба Баир е дел од проектот “Сензибилизација и мапирање на домувањето за Роми ”, проект на PREDA Plus Foundation, финансиски поддржан од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC). Проекткот има цел да придонесе за создавање на основа за натамошно подобрување на урбаната и социјалната вклученост на ромските заедници кои живеат во сиромашни и неформални населби во Општина Битола.
#UrbanBair #CHinMK #Predaplus