Petar Pop Arsov 45, MK-1000 Skopje, R. Macedonia

Реализирана обука за маркетинг во Општина Росоман

71517727_2072707366163240_5479201775074410496_n

Преда плус организираше и реализираше обука за маркетинг (етикетирање и пакување на производи) во Општина Росоман. Практични маркетинг насоки за економско јакнење на жени земјоделки. Активноста е реализирана во партнерство со Организација на жени ВИЗИЈА од Кавадарци во склоп на проектот РУРАЛНИ ЖЕНИ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ, поддржан од Rural Development Network of the Republic of Macedonia

Имајќи во предвид дека голем дел од жените во општина Росоман се занимаат со производство на домашно приготвени производи, а со цел истите да бидат поконкуренти на пазарот, преку обуката ќе се зајакне капацитетот на жените производителки за адекватно, модерно пакување и етикетирање како чекор кон постигнување на одржлив развој и подобрување на статусот на жените во Општина Росоман.

На обуката учествува вкупно 13 жени од Росман кои се занимавват со производсвто на земјоделски производи или рачна изработка

Според претходното подготвената програма на учесниците им беа презентирани основните теретски поими за маркетинг и ПР поткрепени со спесифични примери на добра пракса како и отворена дискусија  од нивното секојдневие и производство.  Најпрво беа презентирани основните поими и дефиниции за брендирање, концепти, цели и методи на бредирањето, по што следивање практични примери, насоки и препораки за подобрување на нивниот личен ПР и однос со јавноста со цел подобрување на понудата и  зголемување на продажбата. Индивидуалните средби на крајот обуката обезбедија персонализирани насоки за подобрување на маркетингот кај секоја од присутните.