Petar Pop Arsov 45, MK-1000 Skopje, R. Macedonia

Одржана работилница за родова еднаквост во Росоман

75543540_2132783030155673_2787106429876568064_n

Работилница за родова еднаквост во Општина Росоман. Дискусија за важноста на родовата еднаквост како основа за економска независност и подобрување на статусот на жените во Општина Росоман. Активноста е реализирана во склоп на проектот РУРАЛНИ ЖЕНИ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ, поддржан од Rural Development Network of the Republic of Macedonia

Според претходното подготвената програма, на учесниците им беа презентирани основните поими, дефиниции и примери за воведување на родов мејнстрим во сите сегменти на општественото живеење, со посебен акцент на сите меѓународни документи, статистики на европско и светско ниво како и презентација на податоци од анализа на состојбата од родов аспект во општина Росоман.

Реализација на обуката за родова сензибилизација ги оствари следните цели:

  • Информирање на учесниците што се родови улоги, како се креираат и како се менуваат
  • Преку примери и искуства истакнување на историската и културолошка конструкција на родот
  • Дефинирање на родовата еднаквост( разлика помеѓу еднаквост и правичност)
  • Информирање на учесниците за родово базирано насилство, релеванти податоци, меѓународни документи. Развивање на свесност за родово базираното насилство како последица на родовата нееднаквост.
  • Развивање свесност за родови стереотипи, дискусија за родовите
  • Запознавање со терминот родова сензибилизација и важноста на родовата сензибилизација во секој сегмент од животот
  • Дефинирање на родовата нееднаквост, пристап и контрола на ресурси ( релевантни податоци од истражувања на национално и меѓународно ниво)
  • Историски корени на родовата нееднаквост ( Патријархарт , достапност и контрола на ресурси)
  • Јакнење на жените како чекор кон постигнување на родова еднаквост
  • Да се препознае разликата во оптовареноста со работа на мажите и жените во еден ден
  • Да се идентификува дисбалансиво дистрибуцијата на активностите во домаќинството и нивната причина
  • Сензибилизирање на учесниците за распределбата на трудот врз основа на пол
  • Разбирање на импликациите кои родовите улоги ги имаат во зајакнувањето на жените и нивниот статус во општеството