Petar Pop Arsov 45, MK-1000 Skopje, R. Macedonia

И од Битола се може – трет повик за поддршка и развој на бизнис идеи во Пелагонискиот регион

119518682_2873282306105738_8793342676361356255_n

💡 Ако имаш храброст и знаење за развој на иновативна идеја

💡 Ако веруваш дека за успех е потребна среќа, но и многу знаење и истрајност.

Тогаш си на вистинското место ✔️

Започни нешто свое со БИТОЛА СТАРТ-АП ЦЕНТАР 🟢

Започнува отворениот повик за аплицирање со идеи на БИТОЛА СТАРТ-АП ЦЕНТАР кој на нозе ќе исправи многу идеи кои ќе станат реални бизнис во Битола

🟣 линк за аплицирање:
https://iodbitolasemoze.typeform.com/to/Ghh9wO

🎯 Новина во оваа програма е што за прв во нашиот регион, најдобрите стартап идеи ќе добијат финансиска поддршка за стартување на своите бизниси. Вкупната вредност на финансиската поддршка што ќе биде распределена на најдобрите бизнис идеи изнесува околку 1,5 милион денари и ќе се реализира преку две грантови шеми на Битола Стартап Центар.

⭕️Стартап програмата ќе понуди менторски услуги за креирање на бизнис модели; тренинзи од еминентни професионалци од македонскиот стартап екосистем за водење на бизнис; можност за вмрежување со бизнис заедницата; презентација на бизнис идеите пред потенцијални инвеститори и финсиска поддршка за најуспешните бизнис идеи.

🔺 Бројот на учесници во стартап програмата е ограничен. Изборот на бизнис идеи кои ќе бидат вклучени во стартап програмата ќе се одвива по претходно утврдени критериуми од страна на искусни професионалци од бизнис заедницата и академијата.

🔺Стартап програмата ќе започне на 20 октомври. Времетраењето на програмата е два месеци. Сите менторски и тренинг сеси ќе се одвиваат on line преку ZOOM платформа.

🔺Бизнис идеите креирани од учесниците на старт ап програмата ќе бидат јавно презентирани на специјално организиран ДЕМО ДЕН во месец декември, каде што ќе бидат избрани најдобрите бизнис идеи кои ќе добијат финансиска поддршка.

📅 ПОВИКОТ Е ОТВОРЕН ДО 14 ОКТОМВРИ!

Проектот е дел од Локално партнерство за вработување-ЛПВ Битола е финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.

#BitolaStartUp #IodBitolaSeMozi