И ОД БИТОЛА СЕ МОЖЕ(И)
25 февруари – вторник
18 часот
Порта џез
Се почесто странците кои ја посетуваат Македонија, бараат уникатни туристички искуства.
Од класични хотелски ризорти, јадења во огромни ресторани и немање допир со реалниот живот на локалното население, на странските туристи им е доста.
Затоа е заблуда ако сметаме дека туризмот во нашата земја треба да ги следи тие принципи.
И додека многу туристички работници сеуште тврдат дека треба да се инвестира во скап туризам кај нас, три примери од Битола покажуваат дека може поинаку, може подобро и може да носи профит.
Ако дојдете на 25 фебруари во 18 часот во Порта џез, ќе ги слушнете успешните приказни на следните битолчани:
* Љубица Мушуланова Ристевска- една од наследниците на познатиот потпелситерски бренд Шумски фенери, хотел и ресторан кој ја негува семејната традиција на гостопримство на влезот од најстариот национален парк на Балканот и да листа гости од локални турсти, преку патувачи до претстедатели на држави.
* Пеце Цветковски-Персата кој неговата Вила Дихово ја донесе на пиедесталот за неа да пишуваат во престижни туристички водичи и магазини посветени на глобтротерите ширум светот. Добитник е на многу признанија за тоа што неговата иновативна туристичка приказна е посебна.
* Александра Печалева- која од својот двор во Битола е светски промотор на македонското гастрономско наследство и досега угостила над 700 странски гости.
Ако сакате приказни за одржлив туризам преку кој се јакне и локалното население, тогаш дојдете на “И од Битола се може(и)”
Ќе имаме и дегустација на три врсти на органско вино од Винаријата на Вила Дихово:
•Органско вино со вкус на шумска јагода •Pinot Noir од подпелистерјето •Rose
Виното не содржи сулфати, конзерванси и стабилизатори.