Ако имаш храброст и знаење за развој на иновативна идеја
БИТОЛА СТАРТ-АП е твоето место.
Започни нешто свое и докажи дека И од Битола се може(и).
Вака, во септември го најавивме почетокот на отворениот повик за аплицирање со бизнис идеи на БИТОЛА СТАРТ-АП ЦЕНТАР кој на нозе ќе исправи многу идеи кои ќе станат реални бизниси во Битола.
Вчера во просториите на Битола старт-ап центарот се одржа ДЕМО ДЕН – официјалниот завршен настан на третата генерација од програмата •И од Битола се може(и)• на ПРЕДА плус фондацијата во рамките на проектот БИТОЛА СТАРТ-АП ЦЕНТАР.
ДЕМО ДЕНОТ е круна на двомесечната интензивна работа со нашите селектирани апликанти и почеток на уште нови 12 успешни старт-ап приказни.
Во серија од 5 минутни презентации, вчера пред публиката, судиите од комисијата и преку лајфстрим 12 селектирани апликамнти го дадоа својот максимум.
Низ нашата пограма , 20 тима поминаа низ неколку недели интензива работа со нашите ментори и тренери во форма на:
✶200 часа менторство
✶36 часа тренинзи
✶100 часа заеднички сесии и онлајн предавања на zoom платформара
Што не носи до 336 часа вкупно менторство и подршка за нашите стратапи.
Иако скоро целата програма беше онлајн, енергијата и посветеноста беше одлична и иако беше период на физичко дистанцирање се создаде голема блискост меѓу нашите учесници кои низ целиот овој период безусловно си помагаа, се подржуваа и соработуваа меѓусебно.
Горди сме да кажеме дека ова се нашите нови ѕвезди на македонското старт-ап небо.
Најдобрите 4 старт-ап идеи добијат по 185.000 денари грант, а евалуацијата ја правеше тим од судии во состав: Димче Поповски сопственик на ДАКА Холдинг, Катерина Трајковска-финансиски менацџер на ПРЕДА Пус Фондацијата и Никола Јошевски-генерален директор на ФД “СН финансии”.
Еве ги наградените старт-ап проекти:
3/4 етно на Јасмина Василевски
Благите на баба на Светлана Папачек
Б6 beer bar на Ана Котевска
ORION smart unlock на Никола Ковачевски
Програмата на Преда плус се реализира во рамките на Битола старт-ап како дел од Локално партнерство за вработување (ЛПВ) Битола финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.