Во период од два месеци Преда плус обезбеди над 200 менторски часови поддршка за креирање и развој на бизнис идеи за
двесетина нови претприемачи-дел од третата генерација на старта ап програмата И ОД БИТОЛА СЕ МОЖЕ.
Преку групни и индивидуални менторски сесииучесниците ги финализираат нивните бизнис идеи работејќи на следните теми:
🔺 Стратегија, тактика оператива и бизнис модели со доц. д-р Рената Петревска-Нечоска
🔺 Финасиско планирање со Гого Рафајловски
🔺 Продажба и развој со Љупчо Груевски
🔺 Техники на пичинг со Љубица Ангелкова
14 ДЕКЕМВРИ е денот кога овие бизнис идеи ќе бидат јавно презентирани и ќе се натпреваруваат за добивање на финасиска поддршка во склоп на грантовата шема на Преда плус.
Програмата на Преда плус се реализира во склоп Bitola Startup како дел од Локално партнерство за вработување (ЛПВ) Битола финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.