Започни нешто свое со Bizz Up!- кредитна линија за поддршка на стартапи од Силк Роуд банка АД Скопје во соработка со PREDA Plus фондацијата
Денес , 20 ноември со почеток во 17.00ч на ФБ страната на Преда плус стриминг од настанот во Bitola Startup каде што Силк Роуд Банка ќе ја промовира новата кредитна линија за поддршка на стартапи
https://lnkd.in/eRnmaK8
Станува збор за финансиски инструмент на Европска Унија (кредитни линии покриени со ЕаСИ гарантен инструмент на Европски Инвестицион Фонд) кој промовира високо ниво на квалитетна и одржлива вработеност, гарантирајќи соодветна и адекватна социјална заштита, борејќи се при тоа со социјалното исклучување и сиромаштија и подобрување на работните услови.
Една од нејзините главни цели е зголемување на расположливоста од финансиски средства за ранливи категории кои сакаат да основаат свои фирми, микро-компании, како во фазите на старт-апи така и во развојните фази од своето работење.
Настанот е дел од стартап програма на Преда плус, која се реализира во склоп на ЛОКАЛНИ ПАРТНЕРСТВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ (ЛПВ) финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија #Predaplus #BitolaStartup