
После една успешна година на проектот “И од Битола се може(и)” на ПРЕДА Плус фондацијата од Битола, проектот го шириме кон Велес, со нашиот партнер X Фактор Акцелератор со кој заеднички го најавуваме стартот на програмата за претприемачи – од идеја до бизнис план под името “И ОД ВЕЛЕС СЕ МОЖЕ”.
Со радост Ве покануваме на првиот промотивен ивент на кој ќе биде лансиран и повик за аплицирање во овој проект со одлични можности.
17 декември, 17 часот во Страда кафе, Велес.
На ивентот ќе имаме и мотивирачки говорници кои ќе го раскажат својот пат на успехот, од идеја до успешна приказна и на тој начин ќе инспирираме нови личности да ги остварат своите бизнис соништа.