Целта на оваа работилница е да презентира техники и дизајн принципи на начин кој ќе ги инспирира дизајнерите и менаџерите на компании да иновираат преку OUT OF THE BOX размислување. Како НОВИНАТА да ја засени ОЧЕКУВАНОСТА во дизајн процесот за да резултира со свежи и посакувани производи. Како да креираме за КОРИСНИКОТ рзбудувајки ги сите негови сетила како темел за љубовна врска помеѓу него и Вашиот бренд. Резултатот е секогаш “SMILE DESIGN”.

Дата: 28-ми ноември 2015

Време: 12:00 – 14:00

Место: Јавна соба – центар за дизјан и иновации

Презентер: Марта Наумовска Грнарова

Јазик: македонски

Влез: слободен

Предавач/презентер: Марта Наумовска Грнарова

Марта Наумовска Грнарова е сопственик и генерален менаџер на компанијата Завар и брендот Завар дизајн; основач и претседателна МАМЕИ – асoцијација за метална и електро индустрија на Македонија; програмски директор на Скопје недела на дизајн; член на управен одбор на Македонско – Холандска стопанска комора.
Главна преокупација како генерален директор е влегување на нови пазари, развој на нови иновативни производи и стратегиски развој на компанијата. Го воведува одделот за дизајн во компанијата преку основање на брендот Завар Дизајн со главен фокус на дизајнирани радијатори, уникатни грејни тела со уметнички изглед.
Од 2012 година работи како програмски директор на Скопје неделата на дизајн со главна цел развој на македонската дизајн сцена и нејзина поширока промоција. Од 2014 е основач и претседателна МАМЕИ кој функционира како заедничка платформа на малите и средни претпријатија од областа на електро и метална индустрија со главен фокус за развој на секторот и негова промоција надвор. Дипломиран машински инженер е од 1998 година на универзитетот Св.Кирил и Методиј  и во моментот ги завршува магистерските студии на катедрата за индустриски менаџмент на машинскиот факултет во Скопје.

Share with your friends:

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked. *