Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус Прилеп, заедно со партнерската организација Здружение на студенти и младинци со хендикеп (ЗСМХ) од Скопје, организираа промотивен настан за проектот „Градење на капацитети на организации за помош на лицата со посебни потреби во Република Македонија“ (Project Enable).

Настанот се одржа на 26 април 2016 година, во 12 часот во хотел „Кристал Палас“, Прилеп, Република Македонија.

Проектот: ,,Градење на капацитети на организации за помош на лицата со посебни потреби во Република Македонија” е финансиски поддржан од Европската Унија, во висина од 135.221,79 евра.

Во времетраење од 18 месеци (ноември 2015 – мај 2017 година), целта на проектот е да се промовираат и да се зајакнат партнерства помеѓу различни организации, јавни институции и приватниот сектор со цел градење на капацитети за подобрување на социјалните услуги, мрежите, местата за работа и учење за да се остварат човековите права и да се постигне учество на лицата со посебни потреби во општеството, а преку дијалог и акција меѓу приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор.

Повеќе можеда прочитате на следниот линк.

Share with your friends:

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked. *