Неформалната мрежа на граѓански здруженија и организации ИРИС МК, на 27 и на 28 октомври 2015 година во Скопје, одржа работилници на кои се ревидираа визијата, мисијата и вредностите на мрежата, а се изработија нацрт стратешки цели и акциски план. ПРЕДА Плус фондација, како членка на мрежата, помогна во фасилитирање на работилниците. Организатор на истите беше Здружението на студенти и младинци со хендикеп, кои исто така се членки на мрежата.

Мрежата ИРИС МК ја сочинуваат граѓански здруженија и организации кои нудат социјални услуги во Македонија, а иницијативата за формирање на ова неформална мрежа беше на АСВ Германија. ИРИС МК е членка на регионалната мрежа ИРИС во која членуваат и организации од Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и од Албанија.

Share with your friends:

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked. *