Проектот: „Градење на капацитети на организации за помош на лицата со посебни потреби во Република Македонија“ (Organizational Capacity Building to Aid Disabled Persons in Macedonia – Project Enable финансиран со грант од Националната програма на Европската унија за помош при транзиција и институционална надградба 2011 Инструментот за претпристапна помош (ИПА), има потреба од:

МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран за промотивен настан на Проектот.

Задачи, одговорности и очекувани резултати:

  • Модераторот ќе треба однапред да се запознае со целите и задачите на Проектот;
  • Модераторот треба да има основни познавања во областите кои се во фокусот на Проектот;
  • Модераторот ќе учествува во целосната организација на промотивниот настан;
  • Модераторот треба да соработува и да се консултира со тимот на Проектот.

 

Потребно образование и професионално искуство:

  • Минимум ВСС степен на образование;
  • Активно зборување и читање на англиски јазик;
  • Активно користење на компјутер (Word, Excel, Power Point);
  • Да поседува одлични презентациски, модераторски и комуникациски вештини.
  • Треба да биде полнолетен граѓанин на Република Македонија;
  • Искуство во јавни настапи, дебати, фасилитацја, координација и известување;
  • Претходно искуство како модератор ќе се смета за предност;
  • Претходно искуство во работа со невладиниот сектор ќе се смета за предност.

 

Други вештини и способности:

  • Способност да работи со ранлива категорија на граѓани;
  • Способност за брза адаптација на работно место;
  • Способност за самоиницијатива и независност;
  • Позитивен став;
  • Да има наклонетост кон тимска работа;
  • Одговорност кон работните задачи.

 

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV), најдоцна до 20.04.2016 година, на следната адреса:

 Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА Плус – Прилеп

ул. „Сотка Џигиџик 34“

7500  Прилеп

Република Македонија

 

или e-mail: natasha.chavdarovska@predaplus.eu

Share with your friends:

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked. *