Програмата за Зголемување на пазарната вработливост-ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Swisscontact и ПРЕДА Плус, заедно со компанијата Демастил од Крива Паланка организира јавен повик до локалните дизајнери заинтересирани за pазвивање на иновативни концепти за производство на детски играчки во Македонија. Целта на оваа активност е да даде подршка на македонските дизајнери и компании заеднички да развиваат нови производи.

Дата: 27-ми ноември 2015

Време: 16:00 – 17:00

Место: Јавна соба – центар за дизјан и иновации

Презентер: Демастил и Преда плус

Јазик: македонски

Влез: слободен

Предавач/презентер: Демастил

Демастил е компанија специјализирана за производство на детски топки и детски играчки од пластика кои се продаваат низ целиот свет. На самиот почеток од развојот на сегментот детски играчки, Демастил сакаат да започнат соработка со македонски дизајнери со кои ќе можат заеднички да креираат нови производи- од развој на концепт до комерцијализација. Тие бараат дизајнери кои ќе можат своите идеи на одредена тема да ги реализираат до конкретен производ наменет за деца од 2-8 години. Концептите мора да бидат оригинални и иновативни. Дознајте повеќе за оваа можност на работилницата која ќе се организира на 27 ноември, петок, со почеток од 16:00 часот. Тука ќе можете во директен контакт со Демастил да дознаете повеќе за нивните развојни планови и потреби, како и да прашате за се она што дополнително ќе ве интересира. Запознајте ја компанијата на: www.demastil.com.mk.

Share with your friends:

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked. *