PREDA plus http://predaplus.eu Foundation for Sustainable Economic Development Tue, 28 Apr 2020 08:38:44 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=4.9.5 http://dev.nc.mk/predaplus/wp-content/uploads/2017/11/favicon.png PREDA plus http://predaplus.eu 32 32 28 Април: Demoday http://predaplus.eu/28-%d0%b0%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%bb-demoday/ Mon, 27 Apr 2020 17:27:12 +0000 http://predaplus.eu/?p=27101

Link 2: Backup Link

]]>
И ОД БИТОЛА СЕ МОЖЕ(И)-нетворкинг настан за одржлив туризам http://predaplus.eu/%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%be%d0%bb%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d0%bc%d0%be%d0%b6%d0%b5%d0%b8-%d0%bd%d0%b5%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b3-%d0%bd%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd/ Mon, 24 Feb 2020 14:00:36 +0000 http://predaplus.eu/?p=27095

И ОД БИТОЛА СЕ МОЖЕ(И)
25 февруари – вторник
18 часот
Порта џез

Се почесто странците кои ја посетуваат Македонија, бараат уникатни туристички искуства.
Од класични хотелски ризорти, јадења во огромни ресторани и немање допир со реалниот живот на локалното население, на странските туристи им е доста.
Затоа е заблуда ако сметаме дека туризмот во нашата земја треба да ги следи тие принципи.

И додека многу туристички работници сеуште тврдат дека треба да се инвестира во скап туризам кај нас, три примери од Битола покажуваат дека може поинаку, може подобро и може да носи профит.

Ако дојдете на 25 фебруари во 18 часот во Порта џез, ќе ги слушнете успешните приказни на следните битолчани:

* Љубица Мушуланова Ристевска- една од наследниците на познатиот потпелситерски бренд Шумски фенери, хотел и ресторан кој ја негува семејната традиција на гостопримство на влезот од најстариот национален парк на Балканот и да листа гости од локални турсти, преку патувачи до претстедатели на држави.

* Пеце Цветковски-Персата кој неговата Вила Дихово ја донесе на пиедесталот за неа да пишуваат во престижни туристички водичи и магазини посветени на глобтротерите ширум светот. Добитник е на многу признанија за тоа што неговата иновативна туристичка приказна е посебна.

* Александра Печалева- која од својот двор во Битола е светски промотор на македонското гастрономско наследство и досега угостила над 700 странски гости.

Ако сакате приказни за одржлив туризам преку кој се јакне и локалното население, тогаш дојдете на “И од Битола се може(и)”

Ќе имаме и дегустација на три врсти на органско вино од Винаријата на Вила Дихово:

•Органско вино со вкус на шумска јагода •Pinot Noir од подпелистерјето •Rose

Виното не содржи сулфати, конзерванси и стабилизатори.

]]>
Започнува реализацијата на претприемачка програма во Велес http://predaplus.eu/%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%b5/ Sun, 23 Feb 2020 15:01:08 +0000 http://predaplus.eu/?p=27090
Денес во Велес го означивме стартот на зедничката претприемачка програма на Преда плус и X Factor Accelerator Мотивирачка енергија од иновативни, инспиративни бизнис идеи и исклучителни мотивирани поединци, денес беа доказ дека #ИодВелесСеМоже

🔻 Програмата ќе понуди менторство во процесот на дефинирање на бизнис идеите како и можности за вмрежување и пристап до потенцијални инвеститори.
🔻 Учесниците на програмата ќе имаат можност јавно да ги презентираат бизнис идеите на специјално организиран ДЕМО ДЕН.

]]>
Fourth project meeting in Bitola as a part of Employouth project http://predaplus.eu/fourth-project-meeting-in-bitola-as-a-part-of-employouth-project/ Wed, 12 Feb 2020 14:30:08 +0000 http://predaplus.eu/?p=27085 Fourth project meeting in Bitola organized by Preda Plus with partner organizations from Greece as part of the Employouth project, funded through the IPA Cross-Border Cooperation Program with Greece.

At the meeting all project partners shared their achievements so far.

Preda Plus shared the results achieved:

🔻 2 acceleration programs where a total of 25 business ideas were created

🔻provided 17 mentors and business consultants to support the new startups

🔻 10 Motivating Events #IodBitolaSoWhich with experienced intarnatinal and national experts from entrepreneurial scene

🔻 1 startup made a platform that traded up to $ 7 million to date,

🔻 5 startups have launched a business

🔻 2 startups are already using other financial support and development instruments

🔻 1 startup has entered phase 2 and has 5000 users

🔻2 startups are planning to launch in 2020

🔻 5 participants from our programs have started a corporate career in other companies.

Activities to support the competition of innovative ideas in the cross-border region will be organized in the next few months by the project partners from Greece.

Четврт проектен состанок во Битола организиран од Преда плус со партнерски организации од Грција како дел од Employouth проектот, финасиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција.

На состанокот сите проектни партнери ги споделија досегашните постигнувања во склоп на имплементацијата на проектот.
Преда плус ги сподели постигнатите разултати:
🔻 2 акцелераторски програми каде се креираа вкупно 25 бизнис идеи
🔻 обезбедени 17 ментори и бизнис консултанти за поддршка на новите стартапи
🔻 10 мотивирачки настани #ИодБитолаСеМожи на кои продефилираа еминентни имиња од македонската претприемачка сцена
🔻 1 стартап направи платформа на која до денес се истргуваа 7 мил $,
🔻 5 стартапи лансираа бизнис
🔻 2 стартапи веќе користат други финасиски инструменти за поддршка и развој
🔻 1 стартап влезе во фаза 2 а има 5000 корисници
🔻2 стартапи планираат да лансираат во 2020
🔻 5 учесници од нашите програми започнаа корпоративна кариера во други компании.

Активности за поддршка на конкуренцијата на иновативни идеи во прекуграничниот регион ќе бидат организирани во следните неколку месеци од партнерите на проектот од Грција.

]]>
Учество на работилници за стартап еко систем http://predaplus.eu/%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%b0%d1%80%d1%82%d0%b0%d0%bf-%d0%b5%d0%ba%d0%be/ Fri, 20 Dec 2019 14:23:00 +0000 http://predaplus.eu/?p=27080 Во месец декември претставници на ПРЕДА плус учествуваа работилници во склоп на балканаската тура #BalkanWorkshops на My-Gateway project организирани од Seavus Education and Development Center
Одлична атмосфера во Seavus Accelerator
Пет успешни работилници на коишто имавме шанса да запознаеме многу неверојатни луѓе кои великодушно го споделуваат своето знаење и искуство.
✔Научивме што работи ГИЗ во Македонија за зајакнување на екосистемот во Западен Балкан
✔Како Израел ја применува Методологијата за трансфер на технологија на универзитетот Бар-Илан,
✔Најнови истражувања од универзитет во Португалија и презентација на модел за регрутирање на таленти Talent Acquisition Model
✔Презентација на придобивките од ПОДИМ конференција – технолошки настан што се одржува на годишно ниво во Марибор, Словенија
✔Достапни ЕУ фондови за претприемачи од Македонија

]]>
ПОВИК за апликации во претпиемачката програма на ПРЕДА Плус и Х Фактор Акцелераторот http://predaplus.eu/%d0%b7%d0%b0-%d0%b0%d0%bf%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d0%bf%d0%b8%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d1%87%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d1%80/ Thu, 19 Dec 2019 14:06:10 +0000 http://predaplus.eu/?p=27068 Сакаме да ги поттикнеме сите од Вардарскиот регион кои имаат претприемачки дух и идеја да ја преточат во бизнис. Се што треба да направат е да аплицираат овде: https://iodvelessemoze1.typeform.com/to/QCdRIL

Преда плус од Битола и X Factor Accelerator од Велес преку специјално дизајнираната претприемачка програма ќе се погрижат да го дефинирате вашиот бизнис план, да ги изградите потребните вештини за водење на идниот бизнис и да ги зголемите можностите за вмрежување и пристап до потенцијални инвеститори.

Програмата е раководена од исклучителен и професинален тим на Х фактор акцелераторот од Велес и специјализирана е да им помогне на претприемачите во подобрување на стратегиското на работење, интернационализирање, пристап до нови пазари и развивање на добитна стратегија за финансирање.

🔺 НЕ ЈА ПРОПУШТАЈТЕ МОЖНОСТА ДА УЧИТЕ ОД НАЈДОБРИТЕ!

🔺ЦЕЛ ПРОЦЕС НА МЕНТОРИРАЊЕ И ПОДДРШКА Е БЕСПЛАТЕН!

ЗА НАЈУСПЕШНАТА БИЗНИС ИДЕЈА ОБЕЗБЕДЕН Е ДИРЕКТЕН ВЛЕЗ ВО ПРЕДАКЦЕЛЕРАТОРСКАТА ПРОГРАМА НА X – Factor Accelerator. 💯

⚠ПОВИКОТ Е ОТВОРЕН ДО 31 ЈАНУАРИ 2020!!!

Повеќе информации може да добиете во X Фактор Акцелератор, ул. Борис Карпузов, 1, Велес. Пишувајте ни на следниот е-маил: info@xfacc.mk

]]>
И од Велес се може-нетворкинг ивент http://predaplus.eu/%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d1%81-%d1%81%d0%b5-%d0%bc%d0%be%d0%b6%d0%b5-%d0%bd%d0%b5%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b3-%d0%b8%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d1%82/ Tue, 17 Dec 2019 14:15:41 +0000 http://predaplus.eu/?p=27074 Вечерва покажавме дека “И од Велес се може”

Лансиран првиот нетворкинг ивент по примерот на “И од Битола се може(и)” како успешен проект надвор од нашиот град. Благодарност до нашиот партнер Х Фактор Акцелератор од Велес што веруваше во нашата визија за соработка. Бројни велешани беа одлична публика во Strada Caffe. Имаа прилика да ги слушнат приказните на успех на двајца исклучителни сограѓани в Благојче Јосифоски – сопственик на ИТ фирмата Бласофт Солушнс и ко-основач на SkillUp, првата академија за програмирање, дизајн и дигитален маркетинг во Велес и Ѓорѓи Маџиров професор на ФИНКИ, ко-основач и технички директор на Елевејт Глобал, стартап компанија која се занимава со вештачка интелегенција и машинско учење.
На настанот имавме и битолско женско засилување со Билјана Врцал Ванчевска која повеќе години успешно менаџира со својата Lab Pro Dental заботехничка лабораторија во Битола која е единствена жена во Македонија која воведе иновативна врвна технологија во оваа бранша.На настанот се објави и повикот за првата заедничка претприемничка програма на Преда Плус од Битола и Х Фактор Акцелератор од Велес.Програмата е намената да поддржува индивидуалци и тимови со иновативни идеи во рана фаза од развојот на идејата. Сите заинтересирани тимови кои работат на развој на некаква идеја, апликација или решение за одреден проблем, во било која област, може да се пријават во програмата.

ПОВИКОТ Е ОТВОРЕН ДО 31 ЈАНУАРИ 2019!!!
🚀Аплицирајте на следниот линк:

https://iodvelessemoze1.typeform.com/to/QCdRIL

 

]]>
И од Велес се може http://predaplus.eu/%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d1%81-%d1%81%d0%b5-%d0%bc%d0%be%d0%b6%d0%b5/ Sat, 14 Dec 2019 12:20:31 +0000 http://predaplus.eu/?p=27062 После една успешна година на проектот “И од Битола се може(и)” на ПРЕДА Плус фондацијата од Битола, проектот го шириме кон Велес, со нашиот партнер X Фактор Акцелератор со кој заеднички го најавуваме стартот на програмата за претприемачи – од идеја до бизнис план под името “И ОД ВЕЛЕС СЕ МОЖЕ”.

Со радост Ве покануваме на првиот промотивен ивент на кој ќе биде лансиран и повик за аплицирање во овој проект со одлични можности.

17 декември, 17 часот во Страда кафе, Велес.

На ивентот ќе имаме и мотивирачки говорници кои ќе го раскажат својот пат на успехот, од идеја до успешна приказна и на тој начин ќе инспирираме нови личности да ги остварат своите бизнис соништа.

]]>
Преда плус по 10 пат со мотивирачки настан “И од Битола се може(и) http://predaplus.eu/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b0-%d0%bf%d0%bb%d1%83%d1%81-%d0%bf%d0%be-10-%d0%bf%d0%b0%d1%82-%d1%81%d0%be-%d0%bc%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%87%d0%ba%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d1%81%d1%82/ Wed, 11 Dec 2019 12:11:13 +0000 http://predaplus.eu/?p=27057 Синоќа Порта џез беше претесна за да ги собере сите гости кои дојдоа со една цел, да слушнат инспиративни приказни за успех дека и од Битола се може. Ротари клубот Битола и лајонс клубот Битола на сцената ги донесоа говорниците кои ги раскажаа своите патишта до успехот во нивните кариери.

На заеднички настан на кој мотивираа млади луѓе на успех и покажат подготвеност да им помогнат, зборуваа:  Никола Главинче кој ги охрабри дека е подобро да се продолжи огнот на традицијата, наместо да се поклониме на пепелта на предците, Љубица Ангелкова секојдневна инспирација во движење која не ги брои падовите, ами врвовите.
Емотивна вечер во која публиката ракоплескаше на секоја искрено признание дека патот до успехот не е таков каков што изгледа од другата страна. Борче Стојановски кој рече дека градењето успешна компанија се заснова врз градењето столбови, но треба да постои и еден т.н резервен столб заради стабилноста и Сашо Јанакиевски ни раскажа како се гради компанија од Битола која постигнува партнерство со најдобрите во Европа.

Пред голем број на присутни беа претставени три нови стартапи од втората генерација од акцелераторската програма на Преда плус.

Синоќа беше вистинска прослава на успехот, оној кој допрва ќе се создава од новите стартапи, а пред битолчани се претставија “Бетоф“ со страст ни презентираа за органските чорапи и кошули со кокошка кои ги чекам со нетрпение, “ПАМ“ е идеја за подобрување на животот на луѓето со посебни потреби заснована на сериозна наука, “TrySpicy“ е стартап кој иновативно ќе не води низ гурмански уживања.

]]>
“И од Битола се може(и) 2 http://predaplus.eu/%d0%bd%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd-%d0%b7%d0%b0-%d0%b2%d0%bc%d1%80%d0%b5%d0%b6%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5/ Mon, 09 Dec 2019 11:51:42 +0000 http://predaplus.eu/?p=27048 Во вторник на 10 декември во 18 часот, бидете во Порта џез на најголемиот нетворкинг ивент оваа година во Битола.

Преда плус фондацијата ќе ја заокружи годината со втората сезона на проектот “И од Битола се може(и)”.

Втората генерација на старапи со која од октомври интензивно работевме во ПРЕДА Плус Фондацијата е готова да ги презентира своите бизнис идеи и планови пред јавноста.

Размислувавме пред кој аудиториум е тоа најдобро да се направи, зошто се покажа дека успешноста на било кој бизнис е директно поврзана со соодветна морална мотивација, достапноста на финансии, без разлика дали се работи за стартап финансии или за финансии потребни за вложување во растот на бизнисот

Двата најстари филантропски клубови од нашиот град РОТАРИ КЛУБ БИТОЛА и ЛАЈОНС КЛУБ БИТОЛА во овој декември да направат со нас заеднички настан на кој ќе мотивираат млади луѓе на успех и ќе покажат подготвеност да им помогнат.

Дојдете на 10 декември во 18 часот во Порта џез, на настанот кој ќе го одбележи крајот на оваа веќе стара 2019 година и ќе најави одлични нови успешни приказни за Новата 2020 година

]]>