Petar Pop Arsov 45, MK-1000 Skopje, R. Macedonia

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ПРЕДА Плус Фондацијата и Startup Macedonia

72119367_2065177863582857_3973934167254630400_o

Денес во Битола, потпишан Меморандум за соработка помеѓу ПРЕДА Плус Фондацијата и Startup Macedonia. 

Локацијата за потпишување е избрана со симболично значење, на Плоштадот по кој Битола се препознава, за да докажеме дека #ИодБитоласеМожи.
Потписници се Директорката на Преда плус, Маријана Милевска и проект менаџерот на Стартап Македонија, Марија Димовска.

Оттука ваквиот меморандум за соработка е уште повеќе значаен затоа што ќе поттикне:

• Поинтензивна размена на идеи и искуства за развој на старт ап помеѓу заедницата во Скопје и Пелагонискиот Регион
• Поддршка при организирање на промотивни и нетврокинг настани за поттикнување и поддобрување на стартап екосистемот во Скопје и Пелагонискиот Регион
• Пристап и користење на календарот на настани Start up Digest Macedonia
• Соработка за промоција на Digital Platform – Startup Macedonia во Пелагонискиот Регион како платформа за поддршка на стартапи