Petar Pop Arsov 45, MK-1000 Skopje, R. Macedonia

Отворен повик за поддршка на бизис идеи!

od bitolase moze - logo

По исклучително успешна генерација од последниот повик за програмата • И од Битола се може • со радост го најавуваме НОВИОТ ПОВИК кој започнува денес и ќе трае до 14 февруари, 2021.
Битола е веќе сериозно поставена на мапата на старт-ап центри, така што со овој повик очекуваме уште поголем број на апликанти кои со помош на нашата менторска и тренинг програма во следните неколку месеци ќе ги развиваат нивните иновативни старт-ап идеи, а најуспешните ќе бидат поддржани со грант во форма на финансиска поддршка за нивниот почеток.

Затоа, доколку имате идеја и сакате да започнете бизнис, имате сега шанса да аплицирате во четвртата по ред стартап програма на Преда плус #ИодБитолаСеМожи на следниот линк:
iodbitolasemoze

🔺ПОВИКОТ започнува денес , а се затвара на 14 Февруари. Програмата поддржува развој на бизнис идеи во Битола и Пелагонискиот регион.
🚀Не ја пропуштајте можноста да ја развиете вашата идеја со поддршка на МЕНТОРИ и ПРЕДАВАЊА од еминентни професионалци од македонскиот старт-ап екосистем и да добиете ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА за стартување на вашите бизниси.

Аплицираните идеи ќе бидат повикани на on line инервјуа.
За учество во програмата ќе бидат избрани најиновативните идеи кои имаат потенцијал за развој и оние кои ќе ја имаат опцијата за вработливост. Сите апликанти за статусот на аплицираната идеја ќе бидат известени преку е-mail на 25 февруари, 2021
За избраните учесници, стартап програмата започнува на 1 март, 2021 со зедничка воведна сесија во просториите на Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола

🔺🔺🔺 Битола Стартап Центар е дел од Локално партнерство за вработување (ЛПВ) Битола е финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.
#Predaplus #BitolaStartUp #IodBitolaSeMozi