Petar Pop Arsov 45, MK-1000 Skopje, R. Macedonia

Networking with enterpreneur

герд

Најава за еден интересен гостин, кој на 5 декември со почеток во 17ч на онлајн сесија ќе одржи свое предавање на тема • СТАРТ-АП компанија помеѓу можностите и потребите •

Станува збор за германскиот експерт за старт-ап компании Gerd Meyer-Jüres од Senior Experten Service (SES) Неговото искуство како претприемач е долго, зад себе има свои две успешни старт-ап компании, а на поканата на ПРЕДА плус фондацијата се израдува заради неговиот посебен интерес да прави паралели помеѓу различни држави и можностите кои треба локално да се искористат.

Ова е одлична шанса да добиете бесплатна обука од странски експерт кој има искуство во започнување на старт-ап бизниси, нивно развивање, но и пренесување на знаење на новите генерации.

Сите заинтересирани можат да се приклучат на следниот линк: https://zoom.us/j/91026678521…
Предавањето ќе се одвива на англиски јазик

Настанот е реализиран од Преда плус во склоп на Bitola Startup – проект реализиран во склоп на ЛОКАЛНИ ПАРТНЕРСТВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ (ЛПВ) финансиран преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија