CALL FOR EXPRESSION OF INTEREST

for participation in project:

Technical support for the Centers for Regional Development – Developement in action!

Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА ПЛУС, во рамките на своите програмски активности кои што произлегуваат од договорот со Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) претставувана од Канцеларијата за соработка при Швајцарската Амбасада во Република Македонија (договор бр. CO11-01), во текот на 2011 година планира да започне со реализација на погоре споменатиот проект.

Целта на овој проект е да придонесе за развојот на 2 плански региони во Македонија преку техничка поддршка на два центари за развој на планските региони и тоа во делот на:

1. Пакет за институционален развој на центрите за развој на конкретните плански региони, вклучувајќи:

• Стандарди за квалитет

• Принципи за добро владеење (транспарентност, партниципативност и родова еднаквост)

• Информатички и финансиски менаџмент

• Мапирање на релевантните чинители и

2. Пакет на вештини за регионален еконмски развој, според соодветна метологија во делот на:

• Анализа на сектори

• Анализа на вредносни ланци и

• Развој на идни интервенции во економски развојни проекти (припрема на проектни апликации).

Овој Повик за изразување на интерес е наменет за Центрите за развој на планските региони (регистрирани според Законот за рамномерен регионален развој, Сл. весник 63/2007).

Сите заинтересирани Центри, кои што ги исполнуваат условите на овој повик, објавени на веб страната на ПРЕДА Плус www.preda.mk, можат да аплицираат до ПРЕДА ПЛУС фондација.

Краен рок за достава на апликациите е 29 април 2011 година, до 16:00 часот.

Насоки за пријавување

Пријава за изразување на интерес

Share with your friends:

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked. *