ОГЛАС

за вработување на 1 (едно) лице на работно место програмски координатор

Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА Плус од Прилеп, распишува оглас  за вработување на 2 (две) лица на работно место Програмски координатор.

Од кандидатите се очекува да бидат во можност да ги исполнуваат следните активности и одговорности:

  • Следење на програмите и повиците на ЕУ за поднесување на проектни предлози, изработка на проекти, планирање, управување и следење
  • Истражувања и теренска работа (проценки, студии)
  • Достава на информации, содржини во списанија, посета на фирми, посредување и изведување на обуки
  • Следење на законската регулатива, програмите за поддршка, деловни контакти со бизнис заедницата и организациите за деловно здружување за прибирање на информации за деловната средина во Македонија
  • Редовно уредување на WEB страната на ПРЕДА Плус за делокругот на неговите обврски
  • Идентификација на потребите за обука и подготовка на програми за обуки.
  • Ажурирање на базата на податоци на ПРЕДА Плус
  • Архивирање на целокупната документација која се однесува на неговото работење во хартиена и во електронска верзија и одржување на архивата
  • Тимска координација на тековните активности со тимот на ПРЕДА Плус
  • Изработка на квартални и семестрални планови и извештаи
  • Поднесување на поединечни планови и извештаи за неговите активности до директорот и Одборот на Фондацијата

Потребни квалификации:

  • Јазици: Задолжително познавање и активно користење со Англиски јазик
  • Компјутерски вештини: познавање на Microsoft Outlook, MS Word, MS Excel, MS Power Point
  • Образование: висока стручна спрема (ВСС)
  • Возачка дозвола: „Б“ категорија
  • Работно искуство: минимум 1 (една) година

Сите заинтересирани лица потребно е да ја поднесат пополнета ПРИЈАВА (достапна на www.predaplus.eu) на е-mail: info@predaplus.eu или на поштенска адреса:

Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА Плус – Прилеп

ул. Сотка Џигиџик бр.34, МК-7500 Прилеп

со назнака „за оглас за вработување – програмски координатор

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 27 јануари 2015 година.

Пријавите пристигнати по наведениот рок и пријавите на кандидатите кои немаат работно искуство нема да бидат земени во предвид.

Превземете го аплицискиот формулар тука

ВЕ МОЛИМЕ БЕЗ ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИЦИ

 

Share with your friends:

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked. *